Топ Вести - Слушај сега
„Специфично за нашата држава е тоа што сме единствената земја во регионот каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10“.
Вака посочи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски говорејќи на панел-дискусија во Дубаи. Според Муцунски единствено предвидливо во новата реалност на светот е непредвидливоста, а клучот за економска отпорност е диверзификацијата.
Министерот говореше во рамки на работната посета на Обединетите Арапски Емирати. Тој се обрати на Светскиот самит за влади.
– Потребно е активно да ги прошируваме нашите опции и почесто да соработуваме меѓусебно, особено со пазари и индустрии кои можеби досега не сме ги сметале за традиционални партнери – нагласи министерот на панелот Следниот логистички поредок: Што мора да се промени“.
Говорејќи за логистичката позиција на државата, министерот истакна дека Коридорот 8 се протега од Италија преку Јадранското и Јонското Море кон Албанија и Северна Македонија, а потоа од Бугарија до Црното Море, додека Коридорот 10 претставува клучен трговски и инфраструктурен правец што се движи од Унгарија, преку Србија и Северна Македонија, до пристаништата Солун и Пиреја.
Тој нагласи дека е неопходно активно инвестирање во енергетската безбедност и поврзаноста, посочувајќи дека во моментов се гради интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до течниот природен гас што пристигнува во пристаништето Александруполис.
Истовремено, во завршна фаза е подготовката за владина инвестиција во интерконектор со Србија, со цел гасот не само да пристигнува во земјата, туку и да транзитира преку неа.
– Кога станува збор за поврзаноста – било да е енергетска, инфраструктурна или преку инвестиции во аеродромската и авио-инфраструктурата, односно отворањето нови линии – клучни се диверзификацијата и јасното разбирање на сопствената позиција во светот и на континентот, како и на потребите на пазарите. Владата има јасен пристап и уверени сме дека овие инвестиции ќе бидат од суштинско значење за долгорочната иднина на нашата држава – порача Муцунски.
Осврнувајќи се на деловното окружување, Муцунски посочи дека во Европа често постојат потешкотии за водење бизнис поради регулаторниот пристап, оценувајќи дека континентот се соочува со своевидна „хиперинфлација“ на законодавството.
– Бизнисите бараат поедноставени процедури, ефикасност и брзина – истакна тој, посочувајќи ги Обединетите Арапски Емирати како пример од кој може да се учи, не само во користењето современи алатки, вклучително и вештачка интелигенција во административните процеси, туку и во креирањето прилагодливо законодавство подготвено да го поддржи бизнисот.
Притоа ја нагласи и важноста на партнерствата меѓу владите како механизам за создавање услови компаниите да бидат успешни.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
