Background

Москва задоволна од одлуката на ЕУ да не ги чепка замрзнатите руски пари

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

- Advertisement -
Ad image

– Правото и здравиот разум засега надвладеаја, напиша рускиот главен преговарач Кирил Дмитриев на Телеграм.

Тој ја опиша одлуката донесена во Брисел како „фатален удар“ за оние што ги нарече „воени подбуцнувачи“, именувајќи ја претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер.

– Неколку гласови на разумот во ЕУ засега спречија незаконско користење на руските резерви за финансирање на Украина, напиша Дмитриев.

Русија повторно предупреди против она што го опиша како „кражба“ на нејзините државни средства и се закани дека ќе одговори со користење на западни средства – особено оние на приватни инвеститори и компании – за свои цели.

Дмитриев на Х напиша дека Фон дер Лајен, Мерц и Стармер не успеале, пренесе ДПА.

– Целиот свет само што гледаше како не успевате да ги принудите другите да го прекршат законот, рече тој.

По неколкумесечен спор, земјите-членки на ЕУ рано утрово се договорија за компромис за финансирање на Украина во наредните две години.

Според договорот, Украина ќе добие бескаматен заем од 90 милијарди евра (105,5 милијарди долари). Ако Русија не плати обесштетување за воените штети, замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се користат за отплата на заемот.

Мерц првично бараше користење на средствата на руската централна банка, од кои поголемиот дел се замрзнати во Белгија, за да се обезбедат заеми до 210 милијарди евра. Планот на крајот пропадна поради противење од земји како Франција и Италија, откако Белгија изрази загриженост поради правни и политички последици.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation