Денеска во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.
Сценариото и режијата на монодрамата се на Стоилковска, а реч за писателката одржа д-р Васил Тоциновски.
Настанот беше организиран со поддршка на Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Лилјана Стоилковска е позната поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија.