Поп кралицата Мадона ги изненади фановите кога се појави со луксузна чанта вредна 100.000 долари, или околу 86.000 евра.
Станува збор за моделот Нирвана од модната куќа „Опен“, кој се разликува од чантите на другите познати личности по тоа што е изработена од крокодилска кожа и може да се нарача само со покана.
Брендот „Опен“ е релативно нов бренд основан во 2022 година од сингапурскиот дизајнер и претприемач Николас Тан.
Освен Мадона, сопственички на луксузната чанта се и Тејлор Свифт, Флоренс Пју, Џена Ортега, Селена Гомез, Чарли Екс-Си-Икс, Пријанка Чопра и Кери Вашингтон.