Пакистанец многу ја сака Македонија и научил да зборува македонски со помош на ТикТок.
Корисникот „siper252isback“ секое свое видео го започнува „Поздрав мој брат, поздрав моја сестра. Јас сум Пакистанец и научив македонски од ТикТок“.
Во последното негово видео овој Пакистанец ја пее познатата песна „Спремај ме мајко за печалба“, затоа послушајте ја неговата изведба.
Овој млад Пакистанец кој живее во мизерни услови во својата родна земја, моли за помош доколку некој е во можност да му обезбеди работата за да може да живее во подобри услови. Тој набројува дека може да работи како електричар, во угостителството и сѐ друго што е потребно.