Background

Мицкоски жали што во Министерството за економија не ги проверувале документите за лиценците

Во моментов трае акција на Државен пазарен инспекторат на целата територија на државата, информираше премиерот Христијан Мицкоски.

– Согласно Законот за угостителство, се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. Нивната бројка е многу поголема од тие кои имаат законски документ. Во 2007 година е сменет законот, во тие измени документите кои ги доставува правното лице кое бара лиценца, тврди под морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што екс-официо не се проверени тие документи. Така што, овој објект од 500 и нешто квадратни метри не може по ниту една основа да биде кабаре и да бара лиценца. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките сумата која треба да се плати, надоместокот, е поголем од тие што се лиценцираат за кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува, како што стои во законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира. Со сиот ризик и критика која потоа Владата ќе ја трпи – рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека жали што досега сето ова се толерирало.

- Advertisement -
Ad image

– Жалам што во Министерството за економија кога ги добивале документите не ги проверувале. Жалам што за 15 минути, за одредена сума надомест, се давани овие лиценци – рече тој.
Тој потенцира дека пред 2007 година Државниот пазарен инспекторат вршел контрола на ноќните клубови, дали се исполнети пропишаните законски услови за такви објекти. Но, по законските измени во таа година, повеќе не се врши контрола, туку лиценцата се работа се добива со изјава на барателот под материјална и кривична одговорност дека се исполнети условите. Пазарниот инспекторат, додаде Мицоски, работи по пријава и нема обврска да ги контролира условите.

– Токму во тоа е проблемот. Правното лице самото си изјавува дека ги исполнува условите и никој не го проверува. Се оди во проверка само ако има пријава – рече Мицкоски.

Тој најави законски измени за да се анулираат овие нелогичности.

– Клубот во Кочани е контролиран од Пазарната инспекција во 2022 година. На клубот му е издадена лиценца во 2021 година и втор пат во 2023 година, а фалсификувана е лиценцата во 2024 година – рече Мицевски.

Тој најави дека во повеќе институции се формираат работни групи за да се проверат сите издадени лиценци од државата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation