Мицкоски жали што европратеници бришат идентитет на мал народ во Европа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голем број на европратеници нема да го гласаат амандманот со кој се брише македонски идентитет и македонски јазик од Извештајот на Томас Вајц, изјави денеска премиерот на Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со извештајот за Македонија што денеска треба да се усвои во Европскиот Парламент, а од кој е избришана фразата „македонски јазик и индентитет“.

– Има голем број на пратеници кои што се членови на ЕП и кои што се јавуваат и кажуват дека нема да гласаат за тој амандман, кој што ќе го поднесе некој, а кој што има за цел на талибански начин од Извештајот, кој што е на маса, да се избришат македонскиот јазик и идентитет. Во избештајот за прв пат од осамостојувањето на нашата земја е опфатен македонски идентитет и македонски јазик и тие нема да гласаат за да се избришат, бидејќи до сега никогаш не се појавиле македонски идентитет и македонски јазик, во изминатите 34 години независност, така што нивната цел е таа. Практично, оние што се известувачи во сенка, исто така, не верувам дека ќе го поддржат тој амандман – изјави Мицкоски.

Жалам што еве во 21 век во Европа има и такви пратеници во ЕП, додадде Мицкоски.

– Европскиот Парламент треба да биде лулка на демократијата, каде што ќе се почитуват човековите права, идентитетот на еден малуброен народ во Европа, неговиот мајчин јазик нема да биде предмет на сопнување, но ете за жал постојат и такви луѓе. Но, она кое што е важно е дека онаа авантура во 2022 година, пред сè инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ, ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор – рече премиерот Мицкоски.

Share This Article