Background

Мицкоски вели дека постојат сериозни пропусти во методологијата

Македонската јавност треба да знае како се манипулирало при пресметката на минималната потрошувачка кошничка, а ја пресметувале поранешни функционери од СДСМ, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на ексминистерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска во Собранието.

Мицкоски истакна дека Владата има и покажала разбирање за граѓанските иницијативи за бојкот на маркетите, а потоа ја коментираше методологијата за пресметување на кошничката.

– Дали ја видовте методологијата како се пресметува минималната кошничка? Јас во мојот живот во јануари цреши и лубеници не сум јадел. Е, тоа е дел од методологијата, која е со цени од маркети кои во јавноста важат за ексклузивни маркети, наместо да се пресмета просечната цена. А, ја пресметуваат тројца експерти, Никола Поповски, Драган Тевдовски и Бранимир Јовановиќ. Појдов во неколку маркети без обезбедување и неколку производи од потрошувачката кошница ги споредив со цените. Само за храна и пијалаци цената е помала за 3.000 денари од предвидена цена, што ќе рече за 15% помала. Просечната цена. Јас самиот сум го направил тоа. Сакав да направам експеримент и тоа ќе го презентирам со слики во понеделник пред Економско-социјалниот совет. За македонската јавност да знае дека на грбот на народот била правена политика од најнизок вид – истакна премиерот.

- Advertisement -
Ad image

Тој рече дека претходната влада на СДСМ била прва која применила политики за потрошувачка кошничка, но дека тоа биле политики на присила:

– Но, она што ние го направивме што е различно од сите претходни политики е што седнавме со производителите и со маркетите и утврдивме производи која треба да биде ставена на располагање на граѓаните. Тоа е различно од политиката на присила која се водеше во минатото – рече премиерот додавајќи дека СДСМ 7 години ги зголемувала даноците.

На прашањето на Тренчевска дали Владата ќе го прифати предлогот на СДСМ за нула ДДВ за прехранбените производи и пијалаци Мицкоски рече:

– Ја повторувате тезата со намалување на ДДВ за храната. Прво, тоа не е автохтона политика на СДСМ. Партијата која воведе „данок на луксуз“, буквално „закон за рекет“, за кој има иницијатива во Уставниот суд. Не би сакал да сум во чевлите на СДСМ ако судот одлучи дека парите ќе треба да бидат вратени на народот. Вие, убедливо најелитистичката структура политичари на Балканот, а најдовте да зборувате за стандардот на граѓаните и да нудите мерка која ќе подразбира нула ДДВ за храна и за пијалаци. Не излеговте од кожните фотељи да видите како народот живее.

На обвинувањата на ексминистерката Тренчевска дека, наводно, новата влада дозволила драстично да се зголемат трошоците за живот во последните месеци, премиерот одговори:

–  Замислете, довчерашната министерка за труд и социјална политика вели дека ние со своја влада од неколку месеци дозволуваме производителите, дистрибутерите и трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Ова е добро да го слушнат и тие – како СДСМ ги квалификува дека тие се профитери на грбот на граѓаните. За што барате извинување? И да, во третиот квартал имаме 3% раст на БДП, а во четвриот квартал очекуваме растот да биде меѓу 3,5 и 4%. Тоа беше мисловна именка за вас. Затоа што странските инвестиции достигнуваат речиси милијарда евра. Моравме да враќаме плати кои вие не сте ги исплатиле. Моравме да враќаме 200 милиони евра долг кој ни го оставивте на сметката. Ни оставивте долг во ЕСМ затоа што во четири очи договаравте тендери. Четири месеци чекавме докази за криминалот кој го правевте во изминатите седум години. Мора да се знае кој живеел на грбот на граѓаните.

Премиерот потенцираше дека оваа влада има разбирање за граѓанските иницијативи за бојкот на маркетите.

– Легитимно право е да има граѓанска иницијатива и јас имам разбирање. Тука нема ништо погрешно. Легитимно е граѓаните да го манифестираат револтот на начин на којшто мислат. Јас од СДСМ освен клевети и напади не слушнав дали покажува разбирање кон тие кои повикуваат на оваа иницијатива. Јас на прес-конференција на владата бев многу јасен и реков дека покажуваме разбирање кон граѓаните – рече премиерот од собраниската говорница.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation