Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук обзнани дека се сретнал со висок претставник на Стејт департментот одговорен за прашањата за Западен Балкан.
„Остварив средба со Александар Касаноф кој е заменик помошник секретар за Западен Балкан, како и за печат и јавна дипломатија во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот“, објави премиерот.
Мицкоски вели дека со Касаноф зборувале за предизвиците со кои Македонија се соочува на патот кон ЕУ.
Разговаравме за состојбата во државата, европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план. Имаме идеја, имаме план, Македонија има пријатели!, пишува премиерот.