Background

Мицкоски се сретна со Кралот Чарлс III во Лондон

Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III.

Премиерот информираше дека разговорот бил искрен и содржаен, а темите опфатија пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство, стабилноста, развојот и заштитата на природата – области на кои Кралот Чарлс III со години посветува особено внимание.

„Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

- Advertisement -
Ad image

Средбата се одржа во рамките на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, кој годинава се организира во Лондон под покровителство на британскиот премиер Кир Стармер.

Покрај Мицкоски, македонската владина делегација ја сочинуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани.

– Главната цел на дводневната работна посета на Обединетото Кралство е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на денешниот ден. Берлинскиот процес го организира премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест, во краток период од само пет до шест месеци, премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер – изјави Николоски по средбата.

На самитот во Лондон ќе бидат сумирани постигнатите резултати и утврдени приоритетите за наредниот период во рамките на регионалната интеграција на Западен Балкан.

Берлинскиот процес започна во 2014 година, по иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка меѓу земјите од Западен Балкан и нивно постепено приближување кон Европската Унија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation