Топ Вести - Слушај сега
Понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише и тогаш и 7.700 државни административци ќе добијат за две години и два месеца зголемување од 40%, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тетово .
За Мицкоски, како што изјави, не е проблем каде ќе биде потпишан договорот.
-Понудата е таа каде било да се одржи тој состанок – било во Владата, било во ССМ или во некоја друга просторија. Нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ, има таму уште еден репрезентативен синдикат, ние сме подготвени. Понудата е ставена на маса и доколку се прифати од нивна страна, нема никаков проблем. Тогаш и овие 7.700 работници државни административци ќе добијат за две години и два месеца миниум 40% поголема плата- рече Мицкоски.
ССМ, според изјавата на неговиот претседател Слободан Трендафилов, дадена вчера во која го покани премиерот Мицкоски в понеделник во 9 часот да дојде во зградата на ССМ и заедно да го потпишат колективниот договор со кој платите на работниците ќе се зголемат за 40%, сака тој да важи веднаш.
Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски изјави дека ова било прифатливо за нив уште пред една година и додаде дека не се работи за понуда на Владата, туку за барање на синдикатот од 2025 година.
-УПОЗ, за оној мандат што ми е даден мене од членовите на УПОЗ, го прифаќа овој предлог. И овој предлог беше прифатлив уште пред една година. А зошто се чекаше година, тоа некој друг треба да одговори. А уште поприфатлив е новиот предлог, ако можам да се изразам така, за 2 години администрацијата и правосудството да добијат 40%. Понеделник, вторник, среда – кога му одговара на премиерот и кога им одговара на министрите, да се дојде и да се потпишат овие колективни договори и да ја завршиме оваа голгота бидејќи административците и колегите од правосудството имаат најниски плати во државната и во јавната администрација – рече Деаноски за ТВ Телма.
Дали синдикатот и владата ќе ги потпишат колективниот договор и решението за постепено зголемување на платата на дел од администрацијата останува да се види, бидејќи за владата е спорен еден дел од колективниот договор, кој според владата, е нејасно напишан и може да се толкува различно.
ССМ збара и зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати за 100 евра што беше повод за протст и најавени блокади на исституции и улици во скопје кои ќе полнат наредната недела.
Премиерот и денеска го повтори ставот на владата дека за висоната на минималната плата треба да се договорат синдикатите и работодавачите.
-Нашиот став е јасен, работниците и работодавачите се тие кои што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само фасилитатор, односно посредник – повтори и денеска Мицкоски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
