Фактурата за авионскиот превоз за делегацијата која беше во посета на Унгарија изнесува 2.600.000 денари, а не 12 милиони денари, потенцираше денеска премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на прашање за јавните набавки на Владата и дали многу се троши од парите на граѓаните.
Премиерот Мицкоски истакна дека фактурата е 60 авионски билети и какошто рече „кога сакате ќе биде изложена на јавноста“.
– Околу 700 евра по билет со сите вклуечни такси на сите луѓе коишто беа дел од делегацијата, која што броеше 60 луѓе, и која што е за 30 проценти помалку, отколку кога би иделе со комерцијална линија Скопје-Виена-Будимпешта, Будимпешта-Виена-Скопје или Скопје-Истанбул-Будимпешта, Будимпшета-Истанбул-Скопје. Тоа се линиите коишто беа во тој момент на располагње. Но, и од двете дестинации бевме одбиени за групна карта, којашто инаку во принцип беше за 30 проценти поскапа. Ова е виситната за да нема допонителни шпекулации – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека посетата на Унгарија вреди, бидејќи веќе се пристигнати една милјарда евра од оваа држава за бизнисот и општините.
– Дали ќе стигнат уште многу стотици милиони евра? Да, наскоро и тоа ќе го објавиме. Целосна реконструкција на сите регионални магистрални и експреснни патишта, по поволни услови неколку стотици милиони евра. Дали вредело, мене ако ме прашате, да вредело. Дали е тоа добро за граѓаните? Тие ќе го кажат многу скоро за шест месеци од денеска на локалните избори – додаде Мицкоски.
Што се однесува за јавните набавки за храна за Владата, Мицкоски вели дека ќе провери дали многу се трошело од парите на граѓаните и ќе даде одговор.
– Но, прочитав и јас во некои медиуми дека се набавени 600 килограми банани. Јас банани не јадам конкретно. Но, ќе го проверам сето тоа дали е така. Но, ако е целта да најдеме нов начин, и нова формула во Владата, ако може на воздух да се живее, еве јас ќе ви кажам дека сега сме во месец на рамазански и велигденски пости, внимаваме каква храна конзумираме. Конкретно јас постам, знам дека голем дел од колегите и од христијанска православна вероисповест, и од исламска вероисповест, постат и ги почитуваат овие пости. Така што во периодот ќе внимаваме овие трошења да ги сведиме ако е можно на нула – изјави Мицкоски.