Топ Вести - Слушај сега
Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
– Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора да имаме јасни гаранции од Европскиот совет, во форма на заклучоци, дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се неприкосновени и дека кога Македонија ќе стане дел од ЕУ, македонскиот јазик ќе биде официјален. Исто така, процесот мора да се води врз основа на копенхагенските критериуми, без нови билатерални прашања – нагласи Мицкоски во Тема на денот на ТВ Сител.
Вториот услов, според него, е исполнување на обврските од источниот сосед.
-Ако ние испорачуваме капитулации од претходни политичари, тогаш барем една работа треба да се исполни – регистрација на невладини организации, како ОМО Илинден Пирин, согласно 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права, рече премиерот.
Тој додаде дека нема да прифати процес без извесност за успешен крај.
– Граѓаните се фрустрирани, многу сме дале за интеграцијата – име, знаме, банкноти, неколку промени на Уставот. Секогаш кога ќе се исполни условот, доаѓа нов. Не можам повеќе да се изложам на такво нешто – истакна Мицкоски.
Премиерот посочи дека имало иницијативи од влијателни земји членки на ЕУ за билатерални разговори, но тие биле неуспешни.
– Имаше иницијативи од многу влијателни земји членки на Европската Унија, па и многу влијателни политичари во Брисел, да се договори состанок на којшто на билатерално ниво ќе се разговара помеѓу министрите, еве да речеме за надворешни работи. Тие иницијативи, замислете, беа неуспешни. Од другата страна немаше никаков одговор – истакна Мицкоски.
Според него, ако не може еден таков состанок да се закаже, ако не може на тој состанок да се донесат официјалните лица од соседна Софија, тогаш за какви гаранции ќе се зборува дека ова ќе е последна.
– Други пак велат: „Дали сте се обиделе вие да разговарате на билатерално ниво со официјална Софија. Во ред, луѓе, ајде да расчистиме. Дали е ова билатерален проблем или, како што велите, проблем помеѓу нас – Скопје, Софија и Брисел. Ајде да видиме дали е мултилатерален или билатерален. Ако е билатерален, тогаш ние сме во право. Станува збор за процес на билатерализација, а не копенхагенски критериуми. Ако е така, да знаеме – нагласи премиерот.
Tagged as:
идентитетот Мицкоски од ЕС бара гаранции за јазикот пресудите од Стразбур
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
