Мицкоски најавува по една инвестиција секој месец

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Растот на Домашниот бруто производ (БДП) во четвртиот квартал е една од првите индикации дека економијата заздравува и  одиме во правилна насока, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека  како Влада за помалку од три квартали ја стабилизирале состојбата во државата и преку активни политики е обезбеден раст на економијата.

-Во третиот квартал ќе ве потсетам таа беше 3 отсто, сега е 3,2 отсто. Очекувам овој тренд да продолжи и во првиот квартал од оваа година, очекувам уште една убава вест кон крајот на неделата и мислам дека стратегијата да ја консолидираме, а потоа да ја придвижиме до точка нула и потоа да ја развиваме, полека но сигурно вродува со плод. Порано од нашите очекувања се стабилизира состојбите, буџетот се полни со предвидената динамика и ценам дека доаѓаат убави времиња за македонските граѓани -рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека и годинава ќе има раст на странските инвестиции.

-Верувајте во последните неколку недели имаме голем број на компании кои се заинтересирани да вложуваат во Македонија и во слободните ТИР зони, но и надвор од нив. Навистина јас сум пресреќен што тие препознаа дека оваа Влада води навистина пробизнис политика и сака да поддржува отварање на нови работни места, добро платени работни места. Впрочем и сега работините места мора да се добро платени, бидејќи и конкуренцијата на пазарот на труд е немолисрдна. Но, добро е што имаат доверба и оваа година очекувам висока бројка – изјави Мицкоски.

Тој соопшти дека една странска инвестиција почнува со работа овој месец, втората почнува со работи во април во Штип, а во мај и јуни ќе се ставаат камен темелници и на нови странски инвестиции.

– Секој месец ќе има една до две, или пуштање во употреба, или камен темелници на нови инвестиции. Во јуни стартува „Алказар“. Тоа се половина милијарда американски долари инвестиција, со што ќе имаме поголемо производство на електрична енергија, од тоа што го трошиме. Навистина ќе претставува за мене еден голем успех, бидејќи тоа беше една од моите лични цели, да произведуваме повеќе отколку што трошиме електрична енергија. Значи ќе можеме да извезуваме и голем процент од таа енергија ќе биде во обновливите извори, со што ќе го зголемиме и тоа производно портфолио – рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека има и компании кои се во земјава и имаат донесено одлука за отворање нов производен погон, а со којшто ќе извезува од 300 до 350 милиони евра годишно, што е речиси 2% од нашиот БДП, исто така имаат најави од друг инвеститор за отворање на нов погон во 2026 година.

Share This Article