Мицкоски најави засилени контроли во маркетите

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет. Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард“.

Ова на својот Фејсбук профил денеска го напиша премиерот Христијан Мицкоски.

„Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци. Имам јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано! Ве уверувам дека преземаме конкретни мерки“, пишува Мицкоски.

Тој информира дека денеска имал состанок со претставник на Комисијата за заштита на конкуренцијата, министерот за економија, заменик министерот за економија и со директорот на пазарната инспекција.

„Наложив засилени контроли и итна реакција на терен. Тие имаат јасна задача – да го проверат однесувањето на трговците и да спречат какви било злоупотреби. Ќе инсистирам на транспарентност и ригорозни казни за сите кои ќе се утврди дека го изигруваат законот и ги злоупотребуваат граѓаните и добавувачите. Заедно ќе се спротивставиме на сите кои мислат дека ќе се богатат на наша сметка. Ќе се справиме со овој проблем и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме животниот стандард на сите наши граѓани!“, вели Мицкоски.

Тој во објавата најавува дека Владата ќе продолжи и со субвенционирање на најпогодените категории на граѓани за дополнително да ги минимизираме негативните ефекти од растот на цените.

Премиерот ги повикува сите надлежни институции, но и трговците, да се однесуваат со максимална одговорност и почит кон народот.

„Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност! Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите, наспроти интересите на неколкумина кои сакаат да се богатат на маката на граѓаните!“, пишува Мицкоски во постот.

Share This Article