Мицкоски најави проверка на сите издадени лиценци во државата

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во повеќе институции се формираат работни групи за да се проверат сите издадени лиценци од државата.

– Да видиме колку лиценци се дадени. Второ, да видиме на кој начин се дадени, дали се дадени како на локалот во Кочани. Тој локал поседувал лиценца до денот пред пожарот, потпишана, печатирана. Да дошла инспекција и да провери, сопственикот ќе ја извадел лиценцата. Но, ако го погледнете архивскиот број и ја проверите архивата, како што сега ја проверува министерот за економија, ќе видите дека станува збор за некое барање од инвеститор од Охрид, а втората фалсификувана лиценца е со архивски број под кој е заведена комуникација со странски инвеститор. Не е проблем тука дали е некој политички заштитен, тоа е криминал, растурен систем. Тоа се поединци кои мислат дека се над системот и тие денес се во притвор – рече Мицкоски.

Тој повтори дека одговорност ќе има за трагедијата во Кочани каде во пожар загинаа 59 лица.

– Нема горна граница на запретената казна за делото предизвикување општа опасност. Јас го слушнав обвинителот дека ќе ја бараат највисоката казна од 20 години затвор. Тоа нема да ги врати човечките животи, но ќе ни биде опомена никогаш да не ни се повторат овие работи. Да ни биде опомена дека она што го правиме денес може да има последици во иднина, а тие последици можат да бидат катасрофални. Сите ние имаме одговорност, ве повикувам на разум – рече Мицкоски.

Тој рече и дека ги разбира сите револтирани, но со анархија не се носи правда.

Во врска со одговорноста на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, премиерот Мицкоски рече дека ќе ја утврдат надлежните органи.

– Ако вие мислите дека тој е ВМРО, па затоа ние ќе го штитиме, се лажете. Никого не штитиме, свети ВМРО нека е, и моја родена сестра, брат да ми е, ако направил грешка, ќе одговара. Кривична одговорност ќе има за сите. А ако е потребна за морална и политичка одговорност, тука сум јас, прво да ги поразам овие, па ќе одиме на избори каде граѓаните ќе кажат кој треба да понесе одговорност – додаде Мицкоски.

Share This Article