Мицкоски го покани Ердоган во Скопје по потпишувањето на заедничка декларација

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпишаа декларација за формирање Совет за соработка на највисоко ниво, потег што треба да ја институционализира билетаралната соработка и да донесе придобивки за двете земји.

Мицкоски на заедничката прес-конференција со Ердоган истакна дека заложбата е да се зголемат инвестициите од, како што вели,  еден од нашите најголеми партнери и поддржувачи, Турција, со кој имаме клучно стратешко партнерство.

– Со пријателска Турција имаме многу заеднички елементи во културата, традицијата и во заедничките интереси. Имав исклучително значајна и конструктивна средба со престедателот, господинот Реџеп Таип Ердоган. Ова е потврда на силното партнерство и стратешкото пријателство меѓу двете земји. Зборувавме да се продлабочи билатералната соработката во повеќе сфери со особен акцент на економијата, инвестициите и трговијата. Турција е  еден од нашите најзначајни економски партнери, но и неизоставна сила во регионот. Заедничката заложба е да ги зголемите турските инвестиции во Македонија. Да создадеме нови можности за турските компании на македонскиот пазар. Веќе имаме многу позитивни примери на турски компании кои работат кај нас во патната и во железничката инфраструктура. Од друга страна, неодамна имаме соработка во енергетиката со значајна турска компанија за изградба на когенеративни гасни централи и топловодна и гасна мрежа во висина до 1 милијарда долари. Дополнително, разговаравме и за унапредување на соработката во безбедноста, образованието, културата и во здравството. Исто така отворивме и теми за кои претходно зборуваше претседателот Ердоган – изјави Мицкоски.

Премиерот потоа се осврна на потпишаната декларација.

– Денес јас и претседателот на Турција потпишавме заедничка политичка декларација за формирање Совет за соработка на највисоко ниво, кој во самиот документ носи наслов Совет. Основите на ова се содржани во самиот темелен документ „Стратегија за зајакнување на билатералните односи меѓу Македонија и Турција“ потпишан уште во 2008 година. Советот ќе гради стратегија за соработка во енергетиката, трговијата, транспортот, шумарството, младите, спортот, образованието, здравјето, животната средина и во дигиталната трансформација како и во односите меѓу двата наорди. Ваквата стратегија ќе претставува основа за градење соработка. Ние сме посветени на македонско-турското пријателство на економски, политички и на културен план. Морам да ги потврдам добрите односи меѓу двата народа. Турската заедница во Македонија е лојален дел од макеоднското општество исто како што македонската заедница е значаен дел од турската држава. Во Ердоган гледам голем поддржувач. Неговото минато и минатото на Турција се врзува со мојата татковина Македонија. Тој е секогаш добредојден во Скопје, Охрид, на кое било место кај нас и се надевам дека тоа ќе го стори многу скоро.

 

Share This Article