Мицкоски e отворен за средби со новата бугарска влада

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада. Според него, тоа е нешто што не треба да нè изненади, бидејќи, како што вели, нормално е ние да разговараме со соседите, да градиме односи.

– Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да нè изненади. Ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи – изјави Мицкоски во одговор на прашање на МИА, за евентуални средби со новото бугарско раководство, откако вчера министерот за европски прашања Орхан Муртезани од Брисел изјави дека бугарската страна е подготвена за разговори.

Мицкоски истакна дека ние мора да градиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме на некои теми што нè разделуваат.

– Затоа јас сум секогаш поборник да разговараме за теми што нè зближуваат. Нашиот став е јасен и тој е непроменет и сигурен сум дека нема да биде променет, бидејќи јас лично мислам, а и претставниците во Владата мислат дека ние како народ како држава направивме премногу изминативе две ипол децении во името на европските интеграции како што никој не направил, и ценам дека конечно после две ипол децении или две децении откако сме кандидати дека не треба да имаме повеќе билатерални услови, туку треба да имаме објективни услови во процесот на преговори. И тоа не е нешто кое што е различно од тоа што јас сум го кажувал досега. И тоа ќе го кажам на средбите од Вашингтон, преку Брисел, Лондон, Рим, Париз… затоа што јас верувам во ова, затоа што сме направиле доволно и како што никој друг не направил во името на таа европска иднина, оваа држава направила – нагласи Мицкоски.

Премиерот повтори дека Македонија направила толку многу отстапки, што заслужила барем да го почне процесот.

– После две децении предизвици, заслуживме барем да го почнеме процесот. Јас никогаш нема да разговарам за процес во кој разговараме само за неговиот почеток, но не и за крај. Кога имам таков соговорник нека повели нека дојде, во спротивно ќе си ги решаваме нашите проблеми и нашите домашни задачи – рече Мицкоски.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани вчера во изјава за МИА од Брисел рече дека претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ му пренел дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог.

– Мислам дека се создава добра средина, којашто мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедските односи, туку и простор што ќе нè води кон заедничко прифатливо решение, кое конечно ќе нè внесе во ЕУ – истакна вчера Муртезани.

Share This Article