Мицкоски: Датумот 15 декември e поставен како рок до кога е пожелно институциите да ги достават сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат догодина

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Датумот 15 декември e поставен како рок до кога е пожелно институциите да ги достават сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат догодина, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

– Јас не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како датум кога сите институции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите. Се разбира на тоа додадов дека имаме толеранција. Се разбира дека ако некој дојде на 20 декември нема да речеме клучот е на врата и завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план, да имаме свесност дека е потребно сето тоа да го реализираме со време, да имаме некаква навика и да го почитуваме сето она што ќе го поставиме како план и задачи. Тоа е суштината – рече премиерот по посетата на реконструираната полициска станица во Бутел.

Тој истакна дека минатата година сѐ се случувало во 5 до 12, а потоа останале некои работи недовршени, бидејќи трезорот едноставно физички не можел сето тоа да го сработи.

– Затоа јас ги молам сите институции да дојдат навреме. Не велам дека на 25-ти ако дојде некој со налог нема тоа да се прифати и ќе се одбие, но, навремено да ги испланираме активностите, за да не се случи во 5 до 12 сите да нагрнеме таму и некои од обврските да останат неплатени односно да ги книжиме во следната година. Само тоа е целта, чисто мораме да се навикнеме на некаков ред – рече Мицкоски.

На прашање дали ќе има и К-15 за јавната администрација, Мицкоски одговори потврдно. Ќе има и годинава, онака како што е согласно закон, рече, потсетувајќи дека минатата година прв пат бил исплатен ваков надоместок за вработените.

Во врска со обвинувањата на СДСМ дека буџетот е празен и нема пари и затоа се затвора трезорот на 15 декември, рече дека ќе им одговори бидејќи „СДСМ го има кредибилитетот како опозициска партија и мора да се одговара на нивните тези кои се небулозни, невистинити и неточни“.

– Претпоставувам дека таму има луѓе кои колку толку се разбираат во економија. Нејасно е зошто испраќаат вакви тези во јавноста. Јас ги разбирам дека сакаат да создаваат паника и немир кај граѓаните, но тоа има ефект на краток рок од денеска до утре. Еве нема да се затвори на 15-ти ќе се плати на 25-ти. Ликвидносно е затворен буџетот, сите потреби се обезбедени и покрај тоа што имаме наследени долгови. Мој совет до нив е дека овој дневен ПР, од денес за утре обид да се нанесе паника, да се создаде кај граѓаните страв дека еве работите не одат, им се удира од глава, бидејќи за нивна жал, а за среќа на граѓаните тековно се завршуваат сите обврски и се санираат штетите од седумгодишното управување со владата на политичко потпросечни медиокритети кои опиени од желбата за пари и моќ, политички и државотворно исплакнати ја уништуваат државата – рече Мицкоски.

Share This Article