Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, посочи дека лица од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во континуирана комуникација со семејствата на оние кои загубија најблиски во трагедијата во Кочани.
Прашана дали има најава кога премиерот ќе оди во Кочани, Митева, рече дека од тоа што го знае тој веќе имал средба со дел на семејствата и има некоја договорена динамика за средби.
– Верувам и дека при интерес за средба таму, се надевам дека ќе бидеме и достапни и ќе биде информирана јавноста веднаш кога тоа ќе се случи. Меѓутоа мора да потенцирам дека има динамика на средби со семејствата, која се остварува, но поради нивно барање тоа не е јавно објавено – изјави Митева.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
