Aктерот Џин Хекман, неговата сопруга Бетси Аракава и нивното куче се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, пишува Дејли Мејл.
Според шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, не се сомнева на насилство. Во изјава за „Санта Фе Њу Мексикан“, Мендоза изјави дека двојката починала околу полноќ на 27 февруари, но не ја спомена причината за смртта.
– Сакам да ја уверам заедницата и соседството дека нема непосредна опасност за никого – додаде шерифот.
Хекман се прослави во филмот „Бони и Клајд“ („Bonnie & Clyde“) во 1967 година, играјќи еден од криминалните соработници на Ворен Бити и Феј Данавеј. Потоа, Хекман се појави во низа успешни филмови, освојувајќи го својот прв Оскар за улогата на Џими „Попај“ Дојл во „Француската врска“ („The French Connection“), а потоа следеа хитови како „Плашило“ („Scarecrow“) со Ал Пачино и „Авантурите на Посејдон“ („ The Poseidon Adventure“).