Мисајловски откри дека бил мета на тајните служби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски на Курир, истакна дека бил незаконски следен, како и неговото семејство.

– Претходните агенции задача им било како нас да не следат, незаконски, преку институции што немаат таква законска надлежност. Немаме одговор зошто и прашањето е кога ќе се покрене обвинение за овие луѓе што работеле надвор од законот. Зошто тоа се правело, кој бил нарачател? Не може незаконски да следите лица, неговото семејство за свои партиски или политички цели. Јас сум еден од тие што биле следени со моето семејство, по оние информации кои ги добив – истакна Мисајловски.

Министерот посочи дека сепак надлежните институции треба да кажат дали ваквите информации се веродостојни.

– Ако е вистина, а убедени сме дека е така бидејќи имаме доста аргументи, тоа е погубно за државата. Тие институции се да обезбедат безбедност на секој еден граѓанин – потенцираше Мисајловски во „Наткаст“.

Претходно, повикувајќи се на извештај на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), за кој рече дека е декласифициран за јавноста, и премиерот Христијан Мицкоски посочи дека тогашните безбедносни служби измислиле извор кој до нив доставил информација оти бил организатор, нарачател и финансиер на „параполициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“.

– Конкретно таква информација доставил од објективни причини, нема да го кажам точниот датум, туку ќе кажам некаде од почетокот на 2020 година, што е чудно оти коинцидира со изборите коишто тогаш се случуваат, во којашто вели, внимавајте, параполициско воено вооружена формација составена од македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаа за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО-ДПМНЕ. И ова е многу интересно, нарачател и финансиер на оваа параполициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи, е професор д-р Христијан Мицкоски – пренесе премиерот Мицкоски од собраниската говорница.

Share This Article