Background

Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи национална вонредна состојба по прекинот на електричната енергија на национално ниво

Министерството за внатрешни работи на Шпанија прогласи национална вонредна состојба по прекинот на електричната енергија на национално ниво, објави Ројтерс. Додаде дека статусот на вонредна состојба ќе се применува во регионите што го бараат тоа. Досега, Мадрид, Андалузија и Екстремадура побараа од централната влада да ги преземе јавниот ред и другите функции, пишува „Гардијан“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез одржа прес-конференција, на која даде најнови информации за состојбата во земјата. Тој истакна дека владата работи на надминување на проблемот што е можно побргу.

Во Андалузија, Екстремадура и Мадрид, шпанската влада ќе активира дополнителни овластувања за итни случаи, согласно законите за цивилна заштита. Санчез нагласи дека процесот на обновување на снабдувањето со електрична енергија е во тек низ целата земја, благодарение на интерконекторите со Франција и Мароко и на домашното производство, што, како што рече, „наскоро“ ќе овозможи  повторно стабилно снабдување.

- Advertisement -
Ad image

Тој објасни дека „силната техничка нестабилност во европскиот електроенергетски систем“ предизвикала прекин на струјата, но додаде дека засега нема „убедливи сознанија“ за конкретната причина за настанот.

Санчез остро предупреди да не се шпекулира за причините.

– Не ја исклучуваме ниту една можност, но мора да се насочиме кон најважното – повторното враќање на електричната енергија во нашите домови – подвлече премиерот.

Тој додаде дека болничкиот систем продолжува да функционира благодарение на резервните генератори, а иако банкоматите се погодени, основните банкарски услуги работат без прекин.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation