Топ Вести - Слушај сега
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот” на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот.
Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.
Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи поништување на одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.
– Во државава во моментов има 2 процеса од аспект на Кривичен законик. Еден којшто се припрема во Министерството за правда и којшто е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. Вториот процес е ова преодно решение што ние како група на пратеници го поднесовме за да спречиме амнестија на еден поголем дел на група на луѓе коишто сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека не го донесеме новиот КЗ – истакна Стојаноски.
Tagged as:
Министерството за правда подготвува нов кривичен законик
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
