Mинистерството за надворешни работи и надворешна трговија отповика 8 амбасадори кои биле назначени од поранешниот претседател Стево Пендаровски.
Причината за нивното враќање е неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешни работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.
Отповикани се амбасадорите Мето Белески, Брисел, Катерина Ставревска, Лондон, Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Пајо Авировиќ, ОБСЕ, Емил Крстевски, Прага, Јакуп Реџепи, Сараево, Агнеза Руси, Софија, Џенк Сејфула, Стокхолм.
Претставувањето на тезите пред собраниската Комисија е составен, нераздвоен дел од постапката за именување на амбасадор, се вели во автентичното толкување на Собранието.
Претходно беше вратен и Андреј Жерновски, кој беше амбасадор во Букурешт, Романија. Амбасадорот на Македонија во ООН Љубомир Фрчкоски поднесе оставка по најавата од МНР дека се води внатрешна истрага за можни негови финансиски малверзации.