Министерството за локална самоуправа започнува теренски посети за мапирање на предизвиците во општините

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за локална самоуправа продолжува со теренските посети, кои оваа година се реализираат под името „Каде што срцето е дома“. Целта е преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната средба со новинарите, на која присуствуваше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека посетите ќе бидат корисни од повеќе аспекти.

Ќе се слушнат и предлози и идеи за процесот за измени на Законот за локална самоуправа, а од увидот на градежните активности на проектите финансирани од централниот буџет, локалните власти ќе можат да ги пренесат искуствата и потребите во пресрет на очекуваниот втор јавен повик.

– Почнавме отворено како Влада, ќе продолжиме со уште зголемена динамика, затоа што сметаме дека со непосреден контакт и градење на партнерство помеѓу власта и граѓаните ќе најдеме механизми и соодветни решенија за да се надминат сите препреки со кои се соочуваат локалните саоуправи. Императив ни е градењето на партнерски однос со граѓаните. За нас, нивниот интерес е пред сѐ и над сѐ – порача министерот Перински на денешната средба со новинарите на која го најави продолжението на посетите на општините.

„Каде што срцето е дома“ во периодот што следува, ќе ги посети сите скопски општини, а ќе се реализираат средби со градоначалниците, членовите на општинските Совети, со невладини организации, бизнис секторот, културни, спортски работници, воопшто со сите заинтересирани граѓани, а ќе се врши увид и на проектите финансирани од централниот буџет.

Планирани се и еднодневни посети на Кочани, Охрид, Битола, Тетово, Струмица, Кавадарци, Велес, Куманово, Штип и Прилеп, на кои ќе се вклучат и претставници од општините од регионот.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од посветеноста на Министерството за локална самоуправа за развој на општините, што заедно со владините мерки е показател дека власта создава услови за поквалитетен живот на сите граѓани.

– Проектите се дел од владината програма за инвестиции во општините. Добро е овој процес да поминува транспарентно и добро е граѓаните одблиску да го дознаваат она што ќе го работиме како Влада преку соодветните министерства, а целиот процес го координира Министерството залокална самоуправа – истакна премиерот Мицкоски, на средбата со новинарите која се одржа во реновираниот Клуб на пратеници.

Објектот во изминатиот период се реновираше со цел враќање на неговиот препознатлив и достоен лик за почит.

- Advertisement -
Ad image

– Ова е уште еден показател за одговорното управување и домаќинско работење на Службата со која успешно се надминати затекнатите проблеми во Клубот – истакна Ивица Томовски, директор на СОЗР.

Share This Article