Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик до единиците на локалната самоуправа и до институциите од јавниот сектор во Македонија за изработка на официјални веб-страници

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик до единиците на локалната самоуправа и до институциите од јавниот сектор во Македонија за изработка на официјални веб-страници. Повикот, како што соопштуваат од министерството, е дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и за подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални решенија.

„Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи. Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница“, соопшти министерството.

Пријавите, како што дополнуваат, може да се достават најдоцна до 31.12.2025 година.

„Пријавите ќе се обработуваат по принципот прв дојден прв услужен, сè  до пополнување на расположливиот број на општини и институции што можат да бидат опфатени. Министерството ќе ги известува пријавените општини и институции за статусот на нивната апликација“, се додава во соопштението.

Подетални информации министерстовто проследува на следниов линк.

Share This Article