Background

Министерот им порача на пациентите да пријавуваат злоупотреба

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе продолжат акциите со цел да се откријат евентуални злоупотреби од здравствени работници. Тој беше прашан во врска со апсењето на лекар во Битола и како на социјалните мрежи се споделува дека се злоупотребува дополнителната дејност, пред сѐ во хируршките гранки, каде дури и тешко болни од рак не се оперираат во редовен термин, туку „се нуди опција доколку сакаат побргу да бидат оперирани, да дојдат за два-три дена попладне, со тоа што, приватно ќе си платат“.

Министерот ги повика граѓаните да пријавуваат такви случаи во Министерството за здравство, во полиција и кај директорите на клиниките.

– Секојдневно сме во комуникација со повеќето директори. Каде било да пријават, тука сме да ги слушниме и да провериме дали е вистина тоа што го кажуваат – одговори министерот на новинарско прашање пред почетокот на првата национална консултација за реформа на болничкиот сектор.

- Advertisement -
Ad image

Министерот рече дека добивале информации и пријави во Министерството, по што тие ги информирале директорите.

– Добиваме информации и пријави во Министерството за здравство, ги информираме директорите и веќе има една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби за време на редовно работно време да се работат пациенти коишто треба дополнително да се работат. Ние го даваме нашиот максимум – вработувања, колективен договор, покачување на плати и бараме и од медицинскиот пероснал, медицинските екипи да бидат коректни и да ја вршат својата должност, така како што треба. За Битола имам точни информации, директорката пред неколку дена беше известена од моја страна за одредени жалби за еден доктор. Сега не би сакал да спомнуваме имиња тука. Меѓутоа, вакви акции секако дека ќе продолжат – нагласи Таравари.

Постои пресумпција на невиност, одговори тој на прашање дали ваквите лекари треба да бидат јавно објавени со име и презиме.

Министерот потврди дека имало акција и на хируршките клиники во Скопје. Тогаш, како што рече, не било констатирано нешто.

– Не беше констатирано нешто, значи беше редовна операција. Некогаш има пријави и случувања што не држат. Така да, треба затоа да бидеме внимателни – каде што ќе констатираме дека ќе има злоупотреби, таму треба да се преземаат чекори – додаде Таравари.

Тој беше прашан и дали треба да му се одземе лиценцата на тој доктор кој извршил злоупотреба, на што, министерот рече дека секако, но, прашањето треба да му се постави на претседателот на Лекарската комора.

Според Таравари, треба да се биде „коректен“ и да се каже оти „времето на чекање и за испитување и за прегледи во Македонија е најмал во целиот регион, да не речам, можеби и најмал во цела Европа“.

– Откако сме дојдени, вршиме редовен притисок врз сите болници и клиники да даваат повеќе термини. Бројот на термини е двапати зголемен сигурно, овие седум – осум месеци, меѓутоа, сепак, не е доволен – смета министерот за здравство.

Полицијата во вторникот приведе 64-годишен лекар и раководител на Хируршко одделение во ЈЗУ Клиничка болница – Битола, осомничен за примање поткуп. Основното јавно обвинителство во Битола предложи мерка притвор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation