Минималната плата ќе биде онаа којашто ќе ја договорат работодавачите и работниците, а владата ќе го фасцилитира тој процес, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали владата планира да ја зголеми минималната плата за повеќе до 500 евра од ексминистерката за труд и социјала Јована Тренчевска.
– Ние сме страна која што може да гои фасцилитира тој процес и како таков да го гледа и да го поддржи кога ќе заврши ако има решение. Секое решение кое што тие ќе го поддржат, ние ќе го прифатиме и тука нема никаква дилема. Еве сега во понеделник има една точка на дневен ред која што се однесува до минималната плата – рече премиерот.
Мицкоски рече дека се надева дека работодавачите и работниците ќе постигнат договор, договор којшто, како што вели, владата ќе го поддржи.
Премиерот исткана дека во случај да се покачи минималната плата економијата и бизнисите ќе мораат да го следат растот на со придонеси и други давачки што би било морален хазард, неисправно према нив, иако од тоа најмногу би добила државата во даноци.
– Дали е тоа правилно? Тоа е морален хазард. Дали е тоа исправно? Тоа е морален хазард.
Тој ја потсети Тренчевска дека како министерка со синдкатите потпишала Општ колективен договор кој „не обезбедува какви било права за работниците во јавната администрација“.
– Сега оваа влада мора да го решава тоа. И ќе го решава. Што направивте додека бевте министерка? – рече премиерот.
Зборувајќи дека економските експерти на претходната влада на СДСМ манипулирале со пресметувањето на потрошувачката кошничка Мицкоски рече и дека:
– Брилијантните мерки на единствените врвни експерти, како Тевдовски од СДСМ. На минимална плата не се добиваат и губат избори, туку на играње фудбалчиња и играње баскет. Тука барајте ја причината зошто изгубивте. Минимална плата ќе биде таа која ќе ја договорат работодавците и работниците, а ние како страна сме тука тоа да го олесниме, ако тие постигнат меѓусебен договор.