Српската пејачка Милица Тодоровиќ ужива во новата љубов.
Како што пренесуваат српските медиуми, таа е во врска со претприемачот Марио, познат во градските кругови, кој веќе неколку месеци избегнува јавно експонирање.
Очигледно Марио целосно е „залуден“ од Милица, а ниту таа не останала рамнодушна, што го забележаа и нејзините пријатели бидејќи велат дека пејачката едноставно блеска.
Инаку, Милица претходно беше во врска со актерот Петер Стругар. За време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ таа откри интересен детаљ од нивната врска.
На прашањето колку пати најмногу водела љубов во еден ден, Милица искрено одговорила:
– Колку пати најмногу сум водела љубов во рок од 24 часа? Можеби пет, шест пати, нешто слично – истакнала таа, за подоцна да открие дека тоа се случило токму со Петар.
Да потсетиме, Милица и Петар раскинаа по пет месеци врска, како што тогаш објавија српските медиуми.
Нивната романса започнала во текот на снимањето на спотот за песната на Милица „Љубав мање“, каде што се запознале за првпат.
Пејачката подоцна откри дека таа г направила првиот чекор, испраќајќи му порака на Питер на Инстаграм по снимањето.
– Во врска сме три месеци, прво се запознавме затоа што му го позајмив коњот за видео, по што му испратив порака на Инстаграм: „Па имаш убав коњ“, па имаше разни коментари. Тој е многу духовит и ме освои со тоа, дефинитивно си ги поклопивме нашите кодови. Немаше доцнење, со мене сè е секогаш коректно, но тој прв ме бакна – изјави тогаш Милица во емисијата „Амиџи шоу“.