Топ Вести - Слушај сега
Брисел ја чека пресудната одлука на премиерката на Италија, Џорџа Мелони. Дали Мелони ќе ја поддржи иницијативата на Европската комисија за користење 210 милијарди евра од замрзнатиот руски имот за обнова на Украина? Самитот на лидерите на ЕУ во четврток, 18 декември, ќе биде тест за европското единство под зголемен притисок од Вашингтон, при што администрацијата на Доналд Трамп отворено се противи на планот.
– Сакаат да нè ослабат – предупредил висок функционер на Унијата за порталот „Политико“, објаснувајќи дека се работи за „прашање на идентитет и кредибилитет на Европа“.
Аналитичарката Натали Точи од Институтот за меѓународни односи во Рим предвидува дека Мелони ќе ја поддржи европската иницијатива за Украина, под услов Белгија да се согласи со техничките детали околу управувањето со рускиот имот.
– Изолацијата од европските партнери би била поскапа опција – вели аналитичарката за „Фајненшл Тајмс“.
Белгија има резерва и не дава цврсто зелено светло во врска со користењето на замрзнатиот имот. Белгискиот премиер Барт Де Вевер неколу пати ги спомна правните проблеми, еден од нив и можноста Русија да ги побара назад средствата.
Белгија бара гаранции дека нема да бидат оставени сами да сносат ризикот доколку Москва покрене правни постапки. Европската Унија во меѓувреме се обидува да создаде правни механизми за да ги придобие Белгија и другите загрижени земји.
Додека германскиот канцелар Фридрих Мерц повикува на единство и одбрана на европскиот политички поредок, унгарскиот премиер Виктор Орбан и чешкиот лидер Андреј Бабиш се спротивставуваат на планот. Клучниот збор сепак го има Мелони, досега позната како прагматичен глас во европскиот центар, иако одржува пријателски односи со Орбан.
– Без договор за финансирање на Украина, Европската унија би била сериозно ослабена – изјавил Мерц за германските медиуми.
Од кабинетот во Рим, пак, доаѓаат сигнали дека Италија сака гаранции дека нејзиниот земјоделски сектор нема да биде погоден од потенцијалните трговски промени во рамките на договорот со земјите од Меркосур.
„Фајненшл Тајмс“ тврди дека тишината на Мелони е внимателно пресметана, таа чека политички концесии за Италија во замена за поддршка.
Минатата недела, по италијанско инсистирање, Европската комисија попушти околу планот за забрана на моторите со внатрешно согорување од 2035 година.
– Потписот под договорот со Меркосур би бил прерана одлука. Прво се потребни гаранции за нашите земјоделци – рекла Мелони пред парламентот во Рим.
Оваа недела е клучназа договорот ЕУ-Меркосур, кој ќе воведе слободна трговија со јужноамериканските економии, со кои Унијата е во конфликт веќе 25 години. Канцеларијата на Мелони молчеше за тоа дали Рим ќе им се придружи на земјите како Франција кои сакаат да го одложат потпишувањето на договорот.
Многумина велат дека уште едно одложување би било еквивалентно на целосно напуштање на договорот.
Tagged as:
Милијардите од замрзнатиот руски имот чекаат на еден услов?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
