Милијардерот и Лорен Санчез пристигнаа во пресрет на венчавката?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скапоцената јахта на милијардерот Џеф Безос беше фотографирана во Марината Каштела, само неколку недели пред неговата свадба со Лорен Санчез. Оваа венчавка е прогласена за настан на годината и е закажана за 24 јуни во Венеција. За овој настан се зборува со недели, а сега се шпекулира дека со јахтата дошле и Џеф и Лорен. Двојката не била фотографирана, но се вели дека се на крстарење пред свадбата. Ова дополнително го потврдува и фактот дека покрај Кору закотвена и Абеона, помошниот брод на Безос. Некои минувачи околу јахтата забележале и дека обезбедувањето го забранува пристапот, што брзо ги поттикна гласините дека и двојката е на јахтата.

Станува збор за импресивна едрилица од 127 метри, во сопственост на Џеф Безос (61), основачот на „Амазон“. Кору прво се закотви во сплитското пристаниште, а потоа отплови во Марина Каштела, каде што предизвика голем интерес кај минувачите. Иако не е потврдено дали Безос и неговата свршеница Лорен Санчез (55) моментално се во Хрватска, силното обезбедување и затворениот пристап до јахтата сугерираат дека двојката можеби е на бродот, пишува хрватски „24.сата“.

Безос и Санчез наскоро ќе застанат пред олтарот, на 24 јуни ќе се венчаат на островчето Сан Џорџо Маџоре во близина на Венеција. Наводно, Лорен ќе носи венчаница од Оскар де ла Рента, а дел од церемонијата ќе се одржи на суперјахтата Кору, вредна околу 500 милиони евра.

Кору е едрилица од 127 метри произведена во Холандија. Оваа суперјахта има три јарболи, а поради нејзиниот излез на отворено море, односно поради големината на јарболот, мостот Конингсхавен во Ротердам морал да се демонтира. Кору има неколку палуби, а една од нив има простран базен.

Јахтата има вкупно 36 членови на екипажот и може да прими до 18 гости. Регистрирана е на Кајманските Острови и содржи неколку трпезарии, џакузи и два бара. Иако Кору е една од најголемите јахти во светот, таа не плови сама. Заедно со неа доаѓа уште еден брод што служи како гаража за возилата на Безос.

Безос и Санчез со јахтата пловеа по Јадранот во 2023 година, поминаа една недела во Хрватска и уживаа во Дубровник, Хвар, Мљет… А извесно време со нив беа и славни гости како холивудската двојка Орландо Блум и Кети Пери.

Share This Article