Метеоролозите најавуваат променливо облачно и посвежо време утре (вторник), со повремени локални врнежи од дожд претпладне во повеќе региони низ земјава. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе придонесе за пад на дневните температури.
Минималните утрински температури ќе се движат од 4 степени во Берово до 11 степени во Гевгелија, а дневните ќе достигнат од 15 во Маврово до 21 степен во Гевгелија.
Во Скопје, утрешниот ден ќе биде претежно облачен, со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени.
Во среда ќе настапи разведрување, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, со утрински температури од -1 до 7 степени, а дневните ќе достигнат од 12 до 19 степени.
Во четврток времето ќе се задржи стабилно и сончево, со утрински температури од -3 до 6 степени и дневни од 13 до 19 степени. Северозападниот ветер ќе продолжи да дува со слаб до умерен интензитет.
Tagged as:
Метеоролозите предупредуваат на нагло заладување
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖