Мерцедес најавува отпуштање на десетици илјади вработени и реструктуирање со цел да се прилагоди на состојбата на пазарот.
Причините за ваквите мерки лежат во падот на бројот на нарачки и бавното прилагодување на пазарните промени
Минатата година компанијата најави дека ќе укине 15.000 работни места до 2027 година, но познавачите на случувањата во компанијата тврдат дека бројот на отпуштања може да се зголеми на 20.000.
Со овие мерки се очекува да се заштедат 5 милијарди евра, што треба да обезбеди стабилност на компанијата и отпорност на кризи во иднина, пишува Феникс магазин.
Заедно со отпуштањата, компанијата планира да ги намали исплатите на бонусите. Слободните места поради отпуштања или пензионирање повеќе нема да се пополнуваат, а наводно се планира и продажба на одредени производствени капацитети.
Веќе се шпекулира за продажба на фабрика за возила за испорака во Аргентина, во која работат 2.000 луѓе.
Сите приходи, освен за отпремнината, ќе бидат насочени кон развој на електрични автомобили и високи технологии во моторите со внатрешно согорување.