Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека ги разбира критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс кои се упатени кон Европа во неговиот говор на Минхенската безбедносна конференција во изминатиот месец.
– Морам да кажам дека се согласувам. Ова го говорам со години… Европа малку се изгуби себеси – одговори Мелони на прашање за обвинувањата на Венс дека Европа назадувала во своето залагање за слободата на говорот и демократијата, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Венс во својот говор рече дека внатрешните закани се најголемите предизвици за европската демократија, а не надворешните закани од Русија или Кина и дека најголемиот проблем е масовната имиграција.