Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска се врати во Вашингтон по четиринеделно отсуство, за да присуствува на годишната свечена вечера и приемот на државните гувернери.
Настанот се одржа во Источната соба на Белата куќа, каде што Меланија Трамп седеше на маса украсена со вазни полни со бели хортензии и лалиња, пренесува Си-Ен-Ен.
– Таа вложи многу труд за сè да изгледа прекрасно. И навистина е одлична во тоа – изјави претседателот Доналд Трамп пред собраните гувернери.
Според медиумските извештаи, Меланија Трамп ќе поминува уште помалку време во Вашингтон од планираното, а се очекува поголем дел од времето да минува меѓу Њујорк, каде што нивниот син Барон студира, и Флорида.