Меган Маркл ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи споделувајќи ретко видео од нејзиниот син Арчи, кој покажа дека веќе ги следи стапките на својот татко – и тоа на скии.
Видеото го прикажува шестгодишниот Арчи како самоуверено скија по падина покриена со снег, додека неговиот татко, принцот Хари, внимава на секое негово движење.
– Моите момчиња. Арчи брзо учи! Толку сум горда напиша Меган во својата објава која брзо привлече внимание од јавноста, не само поради реткиот увид во приватниот живот на семејството Сасекс, туку и поради слатката семејна атмосфера што ја прикажува видеото.
Во претходните интервјуа, Меган нагласи колку е важно нејзините деца да имаат што е можно понормално детство, и покрај специфичните околности во кои растат.
Арчи, кој наскоро ќе го прослави својот седми роденден, го поминал поголемиот дел од својот живот во Соединетите Држави, откако неговите родители се откажаа од кралските должности и дојдоа во конфликт со кралот Чарлс и принцот Вилијам.
Во изминатата година, Маркл почна да објавува видеа од Арчи и неговата сестра Лилибет, но не ги покажува нивните лица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
