Меган Фокс и Машин Ган Кели му соопштија на светот

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако го објавија раѓањето на своето прво заедничко дете на 27 март, актерката Меган Фокс и пејачот Машин Ган Кели сега го открија името на нивната ќерка. На својот инстаграм-профил, Кели сподели видео од себе како свири укулеле на своето бебе, додека таа се ниша во бебешка лулка.

„Сага Блејд Фокс-Бејкер, ти благодарам за најубавиот подарок, Меган“, напиша тој во описот на објавата, првпат јавно откривајќи го името на нивната ќерка.

Меган Фокс го роди своето четврто бебе на 27 март, но нејзино прво дете со музичарот.

Машин Ган Кели, кој има 35 години, ја сподели среќната вест на Инстаграм со видео на кое е прикажан тој со новородената ќерка.

 

Фокс и Кели, кои се свршија во јануари 2022 година, раскинаа кон крајот на ноември 2024 година, кратко откако објавија дека очекуваат дете.

Актерката Меган Фокс (39) веќе има три сина – Ноа (12), Боди (11) и Џурни (8) од претходниот брак со актерот Брајан Остин Грин. Додека, пак, Кели има ќерка од претходната врска.

Откако раскинаа со Кели, извор за списанието „Пипл“ откри дека Меган Фокс речиси и да не комуницира со раперот.

- Advertisement -
Ad image

„Долго време се обидуваат да ја спасат врската. Навистина ја исцрпува Меган“, рекол изворот.

„Сега таа заврши со тоа. Сака да се посвети на бебето и на своите момчиња. Живее сама и нема многу контакт со Машин Ган кели“, додал тој. „Добро е. Многу е возбудена за бебето.“

Меган ја објави својата прва бременост со Кели уште во ноември минатата година. Во тоа време, таа напиша на Инстаграм: „Ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“, користејќи текст од песната на Кели „Last November“, која зборови за нивната претходна загуба на бременоста.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article