Топ Вести - Слушај сега
Дебарца, 19 декември 2025 – Во духот на новогодишната радост и солидарност, вчера Општина Дебарца беше дел од хуманитарниот проект „И ние можеме, насмевка за секое дете”, организиран од СОС Балкан медиа Охрид.
Манифестацијата се одржа во основното училиште „Дебарца” во Белчиште, каде што во присуство на градоначалникот Златко Сиљаноски беа доделени вкупно 250 новогодишни пакетчиња наменети за сите деца од општината.
Историски момент за општина Дебарца
Особено значајно е тоа што ова е прва ваква хуманитарна акција во Општина Дебарца од нејзиното основање до денес. Овој историски момент ќе остане запаметен какоден кога секое дете од општината доби свое новогодишно пакетче, без разлика на социјалната положба на семејството.
Атмосферата во училиштето беше исполнета со детска радост, насмевки и весели песнички. Децата со видлив ентузијазам ги примаа своите новогодишни подароци, а нивната среќа беше најубавата награда за организаторите на овој хуманитарен проект.
Проектот „И ние можеме, насмевка за секое дете” има за цел да им овозможи на сите деца, без разлика на нивната социјална положба, да ја почувствуваат новогодишната магија и да добијат свој подарок за празниците.
Градоначалникот Сиљаноски изрази длабока благодарност кон организаторите и се заложи ваквите хумани акции да продолжат и во иднина, истакнувајќи дека секое дете заслужува насмевка и радост во овој празничен период.
Прилог: фото-галерија од настанот

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
