Францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе го носи дресот со број 10 од следната сезона, објави денеска шпанскиот клуб.
Во својата дебитантска сезона во Реал, Мбапе лани го носеше дресот со бројот 9.
Од 2017 година, дресот со бројот 10 во Реал го носеше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој го напушти тимот на крајот од минатата сезона.
Со текот на годините, дресот на Реал Мадрид со број 10 го носеле освојувачот на Златната топка во 1958 година, Рејмон Копа, олимпискиот шампион во 1952 година Ференц Пушкаш, петкратниот шпански шампион и трикратен освојувач на Лигата на шампионите, Фернандо Иеро, освојувачот на Лигата на шампиони во 2002 година, Луис Фиго и други.