Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија, во кој 9 лица добија тешки повреди, е „изолиран напад“, изјави денеска британскиот министер за одбрана, Џон Хили.
Маж со голем нож синоќа е совладан од полицијата со употреба на електрошокери, откако изврши крвав поход во брз воз, кратко по напуштањето на станицата Питерборо во Кембриџшир.
Британската транспортна полиција соопшти дека две лица се уапсени, откако возот бил запрен на станицата Хантингдон.
Министерот Хили порача дека „нема причина ние останатите да не продолжиме со нашите животи“.
Според првичната проценка, ова е изолиран инцидент, изолиран напад, рече Хили, објаснувајќи дали нападот е поврзан со тероризам.
– Но, такви заклучоци, тие понатамошни проценки и тие информации ќе ги доставиме до јавноста штом ќе ги добиеме – рече Хили.
Полицијата за борба против тероризмот помага во истрагата.
Хили додаде дека британската јавност треба да биде „повнимателна“, но нагласи дека луѓето „нема да бидат одвратени од извршување на секојдневните обврски“.
Британската полиција соопшти дека двете лица уапсени во врска со нападот со нож се родени во Велика Британија.
Тие се на возраст од 32 и 35 години.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од терористички побуди.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖