Background

Масовна тепачка избувна синоќа во центарот на Нови Пазар, Србија, при што најмалку четворица биле повредени со убодни рани од нож

Масовна тепачка избувна синоќа во центарот на Нови Пазар, Србија, при што најмалку четворица биле повредени со убодни рани од нож. Еден од нив, малолетник, подоцна им подлегнал на повредите во болница.

Ситуацијата била крајно хаотична, сведочат очевидци, а на местото на настанот бргу пристигнале екипи на Брзата помош и полицијата. Едно лице било уапсено на самото место, а полицијата продолжува со идентификација и со потрага по останатите учесници во пресметката. Според неофицијални информации, постои сомнеж дека станува збор за нерасчистен конфликт меѓу локални групи, објави Мондо.

Неколку часа подоцна, еден од повредените, малолетник роден во 2008 година, им подлегнал на повредите во болницата во Нови Пазар. Тој бил во критична состојба, префрлен на одделението за интензивна нега, каде што лекарите со часови се бореле за неговиот живот, но безуспешно, извести Мондо.

- Advertisement -
Ad image

Освен починатиот, повредени се уште тројца малолетници, кои, исто така, се здобиле со убодни рани, но се наоѓаат надвор од животна опасност.

Полицијата приведе двајца осомничени малолетници, додека потрагата по уште двајца учесници сè уште трае. Истрагата е во тек и засега не се соопштени официјални детали за мотивите на тепачката.

На интернет се појави вознемирувачка снимка од крвавата тепачка, која можете да ја погледнете ТУКА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation