Маск: „Канада не е ни вистинска земја“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Канада не е ни вистинска земја“.

Вака одговори познатиот милијардер Илон Маск на петицијата на социјалните мрежи со која се бара да му биде одземено канадското државјанство. Петиција досега ја потпишаа повеќе од 250.000 луѓе во Канада. Во текстот се вели дека Маск презема „активности што се против националниот интерес на Канада“.

Како што се наведува во петицијата, сеприсутниот советник на американскиот претседател „сега стана член на странска влада која се обидува да го избрише канадскиот суверенитет“, алудирајќи на заканите на Доналд Трамп да ја направи Канада 51-та американска држава, користејќи „економска сила“ за да го анектира својот северен сосед.

Маск, роден во Јужна Африка, сопственик на производителот на електрични возила Тесла, Спејс Икс и компанијата за социјални медиуми Икс, има канадско државјанство преку неговата мајка, Маја Маск, која по потекло е од провинцијата Саскачеван во централна Канада.

Милијардерот, кој е натурализиран како американски државјанин во 2002 година, е задолжен од Трамп да ја намали јавната потрошувачка на федерално ниво во САД.

Маск во неколку наврати ја критикуваше политиката на канадскиот премиер Џастин Трудо, а во декември го поддржа канадскиот опозиционер Пјер Полиевре, лидер на Конзервативната партија.

Според канадскиот закон, државјанството може да се одземе ако граѓанинот извршил измама, дал лажна изјава или свесно сокрил информации за барање за имиграција или државјанство.

Share This Article