Background

Маркетите забрзано ги лепат новите цени на производите

Трговците ги прифатија новите мерки на Владата за ограничување на цените и намалување на маржите на прехранбените производи и средствата за хигиена и поголемиот дел од нив веќе ги поставија новите цени и ги обележаа производите.

Со одлука на Владата се опфатени 102 групи производи или повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи. Трговците се задолжени на рафтовите да имаат најмалку 70 отсто од овие 102 групи производи. Производите треба да се обележани со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ или со „Замрзнати цени“.

Според одлуката за замрзнување на цените лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото млеко, јајцата и маслото за јадење… треба да имаат цени еднакви на оние од 1 февруари. За овие производи маржата е ограничена на 5%.

- Advertisement -
Ad image

Маржа од 10% треба да се пресметува за месото и месните преработки, за шеќерот, оризот, гравот, за тестенините, за сирењето, кашкавалот, маргаринот, путерот, кафето, соковите, конзервираниот зеленчук и овошје, како и за одредени алкохолни пијалаци.

На дел од свежото овошје и зеленчук маржа е 15% каква што е и за средствата за лична хигиена и бебешката храна.

Во маркетите денеска забрзано се поставуваат новите цени како што наложуваат мерките на Владата. Во дел од нив, вообичаено за вакви поголеми активности, се случуваат и технички проблеми, па процесот трае подолго.

– Ги спроведуваме мерките. Иако имавме мали технички проблеми во системот досега се приспособени цените на 2.700 производи и тие веќе се означени според барањата на одлуката на Владата. Остануваат уште околу 100 производи и до крајот на денот и овие производи ќе бидат означени – вели генералната директорка на Тинекс Кристина Тодоровиќ Николиќ.

Тодоровиќ Николиќ додава дека Владата прифатила дел од предлозите на Здружението за трговија на Стопанската комора.

– Сепак, последниот збор го има Владата. Ние сега треба да ги спроведеме овие мерки – коментира таа.

Од новата Стопанска комора на трговци вчера побараа нова средба со Владата за да предупредат на последиците од новите мерки за трговските компании и за нивните вработени. Според нив, со владините одлуки нема да бидат опфатени 1.000 производи, туку од 3.000 до 4.000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко, како и производите како што се детергентите и сапуните. Одлуките на Владата ги оценија како избрзани и посочија дека со нив се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти.

Но денеска оттаму не го коментираат однесувањето на Владата и мерките.

Граѓаните кои ги сретнавме во маркетите имаат различни ставови за новите цени.

– Производите се обележани. Кај оние со замрзната цена, како кај лебот, нема промена на цената, но кај другите има минимална промена. Во оние маркети во кои бев денеска има и вообичаени акции со намалување на цените, па не може да се разбере дали цените се пониски поради акцијата или поради владината мерка – вели Анастасија од Ѓорче Петров.

Владата очекува мерките да ги намалат цените за околу 10%.

– Има намалување. Кај некои производи и до 30 и повеќе проценти. Денеска е прв ден, па уште ги менуваат цените. Веќе утре ќе се знае што и колку е поевтино од вчера – вели тој.

Владата најави дека будно ќе се следи спроведувањето на последните мерки за регулирање на цените во маркетите. Државниот пазарен инспекторат ќе контролира, и доколку има трговци кои нема да се придржуваат на мерките ќе казнуваат, а казните се и до 20.000 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation