Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за 1,00 денар, на дизелот за 1,50, а на масло за горење за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата цена на „еуросуперот – 95“ ќе биде 80,00 денари, „еуросуперот – 98“ ќе се продава за 82,00, на дизелот ќе изнесува 74,50, а на екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар.
За 1,042 денари поевтинува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе чини 45,631 денари.
РКЕ појасни дека повод за новите цени е тоа што референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот за 3,439%, кај екстра лесното масло се намалуваат за 3,649% и кај мазутот намалување е за 2,054%.