Топ Вести - Слушај сега
Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека Франција веќе ги обновила контактите со Москва и ги повика европските лидери да го направат истото, нагласувајќи дека Русија останува дел од европската безбедносна реалност, сакале тоа некои или не.
Според Макрон, разговорите за војната во Украина и за идната безбедност на континентот не смеат да се водат без директно учество на Европа. Тој порача дека Европа мора самата да седне на маса кога се дискутира за сопствената иднина, наместо да зависи од трети страни.
– Без разлика дали ни се допаѓа Русија или не, таа е тука, пред нашиот праг. Ако го игнорираме тоа, значи дека ја игнорираме реалноста – изјави Макрон.
Францускиот претседател откри дека на неколку европски колеги им предложил враќање на дијалогот со Москва, но призна дека дел од нив сè уште сметаат дека моментот не е соодветен.
– Им предложив да го продолжиме дијалогот. За некои, сè уште беше прерано да ги испратат своите дипломатски советници, како што направивме ние – рече Макрон.
Тој потврди дека Франција веќе воспоставила комуникација со Русија на техничко ниво, но оцени дека на Европската унија ѝ е потребен заеднички и јасен формат за разговори, без повеќе паралелни иницијативи и различни гласови.
– Не може да има премногу соговорници. Потребен е мандат и јасна рамка. Мора да постои можност за обновување на дијалогот со Русија, затоа што денот кога ќе има мир, тој мир ќе биде европски – истакна Макрон.
Претходно, францускиот претседател зборуваше и за растечкото чувство на несигурност во Европа во односите со Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека континентот мора да ја зајакне својата стратешка автономија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
