Background

Македонците лани онлајн потрошиле 709 милиони евра

Вредноста на вкупните онлајн трансакции во 2024 година направени кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци изнесува 709,4 милиони евра, со што е остварен пораст од 9,3% во споредба со 2023 година. При тоа, бројот на вкупните онлајн трансакции изнесува 21,6 милиони, односно е за 11,4% повеќе во однос на 2023 година, информираат од Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ).

Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2024 година изнесува скоро 33 евра и е помала за 0,7 евро од 2023 година. При тоа, кон македонските е-трговци од иматели на домашни и странски даватели на платежни услуги направени се 425 милиони евра што преставува 60% од вкупната вредност на онлајн трансакции. Останатите 40% од вкупната вредност на онлајн трансакциите Македонците ја направиле во странство.

- Advertisement -
Ad image

Што се однесува до структурата на бројот на направените онлајн трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон македонските е-трговци, Македонците и странците со своите картички оствариле скоро 66 отсто од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 34% од трансакциите.

Во 2024 година, согласно подaтоците на Народната банка има вкупно 1.666 трговци со виртуелни места на продажба, но активни е-продажни места се 1.312, односно 15 повеќе во однос на минатата година (активно работење подразбира извршување најмалку една трансакција на продажно место на трговецот во текот на календарската година за којашто се известува).

Асоцијацијата за е-трговија неодамна направи унпаредување на регистарот на е-трговци, кој претставува единствен регистар на онлајн продажни места кој се обновува во соработка со петте банки кои нудат процесирање на е-трансакции. Регистарот содржи и категоризација, односно може да се прегледаат сите активни е-трговци и може да се пребаруваат е-трговците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation