Граѓаните во земјава и натаму активно ја користат мобилната телефонија, но трендот покажува постепено намалување на разговорите. Според најновите податоци од Агенцијата за електронски комуникации, просечен корисник во текот на 2025 година месечно остварувал 104,05 повици и разговарал вкупно 228,03 минути.
Најголем дел од разговорите и натаму се одвиваат во рамки на истата мобилна мрежа – дури 143,27 минути или 62,83 проценти од вкупниот сообраќај. Значително помал е сообраќајот кон други мобилни мрежи во државата, кој изнесува 80,99 минути или 35,52 проценти.
Разговорите кон фиксните линии речиси и да се занемарливи – само неколку минути месечно, додека повиците кон странство се сведени на минимум, со удел од само 0,13 проценти.
Во споредба со претходната година, податоците покажуваат пад на вкупниот обем на разговори кон сите дестинации, што упатува на промена на навиките кај корисниците, најверојатно поради зголемената употреба на интернет апликации.
Истовремено, бројот на корисници продолжува да расте. На крајот на 2025 година, во државата имало 1.954.643 активни претплатници, што е зголемување од 1,82 проценти во однос на 2024 година. Раст е забележан кај приватните пост-пеид корисници, додека деловните претплатници бележат благ пад.
Според уделот на пазарот, лидер е A1 Македонија со 48,08 проценти, веднаш зад него е Македонски Телеком со 45,93 проценти, додека останатите оператори имаат значително помал удел.
Покрај мобилната телефонија, раст бележи и користењето фиксни линии, кои достигнале 457.763 корисници. Зголемен е и бројот на корисници на пакет-услуги, при што најголем дел од нив користат комбинација од фиксна телефонија, интернет и телевизија.
Овие податоци укажуваат дека телекомуникацискиот пазар во Македонија останува стабилен, но со јасен тренд на дигитализација и промена на навиките на корисниците.
Tagged as:
Македонскиот телефонски пазар со нови трендови
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
