Македонски режисер сними реклами за „Супербоул“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За време на годинашниот ТВ пренос на „Супербоул“, најскапото и најпрестижно спортско шоу во светот, беа прикажани и серија реклами направени од македонскиот режисер Ангел Апостолски.

За првпат во историјата, ПЕТА – глобалната мрежа за заштита на животните, се појави со реклами за време на ова шоу, каде рекламен блок од 30 секунди чини неверојатни 8 милиони долари.

За режијата на овие специјално изработени рекламни спотови, ПЕТА го ангажираше Ангел Апостолски.

Апостолски веќе има импресивна бројка реализирани рекламни проекти зад себе, за некои од најпознатите светски и регионални брендови, од телекомуникациски оператори до социјално ангажирани асоцијации.

Скопјанец, филмски режисер со диплома од Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија. Живее и работи помеѓу Софија и Амстердам и е еден од ретките европски режисери, кои имаат работено на реклами за „Супербоул“.

Неговите рекламни спотови кои беа прикажани на годинашниот „Супербоул“ се брендирани како „најсмелата кампања на ПЕТА досега“.

Рекламната кампања го носи името „Совесните мафијаши“. Зошто, може да откриете и самите доколку ги погледнете рекламите.

Потпретседателката на ПЕТА, Лиса Ланге, ја дефинираше оваа кампања една од најкреативните досега.

– Дури и најтврдокорните мафијаши имаат срце – барем кога станува збор за животните. Визијата на Ангел Апостолски совршено ја доловува апсурдноста на носењето кожа или волна во денешно време – изјави Ланге.

ПЕТА се надева дека рекламите ќе поттикнат нова дискусија за етичката мода и ќе инспирираат милиони гледачи на „Супербоул“ да го сменат својот избор на облека – без насилство.

Апостолски, кој веќе засилено работи на следниот проект, за искуството при снимањето на рекламите во Њујорк изјави дека целиот процес на работа бил одличен, забавен, беспрекорно организиран и со целосна креативна слобода, што е многу важно за реализација на вистински моќна порака.

Страсен раскажувач и режисер кој посветено работи со актери, тој внесува кинематографски допир во секој проект, вешто комбинирајќи наративна длабочина со визуелна уметност. Познат е по создавањето реклами кои се доживуваат како кратки филмови – впечатливи, емотивно силни и водени од карактерите. Со природно чувство за хумор, Ангел често внесува разиграност и духовитост во своите проекти, правејќи ги подеднакво привлечни и незаборавни.

Во подготовки е и на игран филм, кој судејќи по неговата досегашна работа, ќе биде вистинско уживање за гледачите.

Share This Article