Македонски Концепт со чувство на одговорност и посветеност кон иднината на Општина Дебрца, ја дава својата официјална поддршка на кандидатот за градоначалник Златко Силјаноски, предложен од коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатот Силјаноски целосно ја прифаќа и поддржува локалната изборна програма на Македонски Концепт, која се темели на принципите на одговорно управување, развој на инфраструктурата и сообраќајно поврзување со Демир Хисар и Битола, заштита на животната средина, поттик на локалното претприемништво и создавање услови за достоинствен живот на жителите на Дебрца.
Дополнително, господинот Силјаноски е политички и вредносно блиску до нашите идеали, човек со десничарска ориентација, со чесен и народен пристап, кој ги споделува нашите ставови за работа, одговорност и национално достоинство.
Во таа насока, ги повикуваме сите наши поддржувачи на листата за Советот на Македонски Концепт, кои претставуваат 6% од избирачкото тело во Општина Дебрца, масовно да излезат на локалните избори и да го поддржат Златко Силјаноски за градоначалник.
Веруваме дека заедно можеме да придонесеме за нова етапа во развојот на општината, со чесно, одговорно и визионерско раководство во интерес на сите жители на Дебрца.
Прогресивна десница за силна и достоинствена Македонија
ЦКА на Македонски Концепт
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
